Жичницата на Водно ќе работи за празникот Голема Богородица

Од:

Жичницата на Водно на иницијатива на граѓани на 28 месецов (вторник) кога е неработен ден поради верскиот празник „Голема Богородица“ ќе работи со вообичаено работно време иако е последен вторник во месецот кога се врши редовен сервис на објектот. Редовниот сервис ќе се изврши на 29 август (среда) и тогаш Жичницата нема да работи.

– ЈСП Скопје одлучи позитивно да одговори на барањето на поголем број граѓани кои деновиве иницираа жичницата на посочениот ден да работи имајќи во предвид дека е неработен ден (верски празник) за поголем број граѓани и извесно е дека дел од нив планираат очекуваното сончево време да го минат на падините на Водно, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.

Автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе возат по неделен возен ред, а превозот за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на тие линии за сите категории патници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно