Жестока дебата во Советот на општина Центар за 6-месечниот извештај за работата на Полициската станица Центар. Зоран Марковски, командир на полицијата, за кој портпаролот на МВР Иво Котевски тврдеше дека такво лице не е командир, а медиумите напишаа дека е лице обвинето и осудено за убиство, објасни дека тој е в.д. командир, но ја врши улогата на командир.
Во извештајот таксативно е наброено по колку и какви престапи и прекршоци постапувала полициската станица, Марковски рече дека успешно ја завршиле работата.
Советниците ов ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека кај жителите на Центар постои задоволство од работата на полицијата, дека граѓаните посигурно се чувствуваат поради честите контроли и дека има ред. Марковски пак рече дека општина Центар е најнапаѓана општина.
Во извештајот нема ни збор за вандалското кршење и напад на група која протестираше пред општина Центар. Командирот кажа дека ова прашање не е занемарено, во тек е постапката, но се уште чекаат утврдување на идентитетот на сторителите.
„Секој нормален човек не може да се согласи со она што се случуваше. И јас бев гаѓан и туркан. Таа нечовечност е јасна. Јас само си ја вршев работата“, изјави командирот Марковски.
СДСМ и коалицијата реагираа дали има селективност во постапувањето, бидејќи, од тогаш изминале речеиси 4 месеци, а истите лица кои дивееја пред Центар, се појавуваат на сите контра0протести, организирани од власта и на настаните од 24-ти декември.
ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека немало физички нападнат или повреден советник, и дека советничката од СДСМ , била повредена од шминката. Ова, како што рече, советник од ВМРО-ДПМНЕ, инаку лекар по професија, не била физичка повреда и дека ова одговорно го тврди.
На ова остро реагираа советниците од СДСМ и повредената советничка.