(ВИДЕО) Жерновски: Во петок ќе се види кој е за, а кој против криминалот

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, ја предупреди јавноста дека во петок ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обиде повторно да ги усвои детално урбанистичките планови Тасино чешмиче, Капиштец-Водно, Мал Ринг, кои ги поднеле како предлог за седницата за два дена.

Како што рече, според неговото политичко искуство, иако плановите се поднесени споритвно на законот, штом советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги предлага плановите, тоа значи дека е можно да имаат и мнозинство.

Кој е кртот во нивните редови, Андреј Жерновски не сакаше директно да посочи, а на прашањето дали е тоа Мирослав Шиповиќ, кажа само дека во петок ќе биде појасно која беше суштината кога бил уапсен и која била суштината кога  го  пуштила Шиповиќ од притворот.

-Не е тајна дека врз сите советници се вршат притисоци и закани, не е умешно јас да кажувам дали врз Шиповиќ се врши притисок, но петок ќе дознаеме која беше суштината на неговото апсење и пуштање од притвор, рече Жерновски.

Плановите според Жерновски се спорни поради тоа што хотелот „Панорама“ на Водно од четири ката според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да изгради објект од 10 ката, а со одземените ингеренции од страна на државата, власта ќе може и ГТЦ да го надоградува како што сака.

Жерновски најави дека тој што ќе гласа за овој план во петок го поддржува криминалот.

– После попуштање на потпорниот ѕид на градинката на Водно мислев дека никој нема да помисли да гради, но не, сега предлагаат десеткетница. Како градоначалник нема да поддржам ничии бизнис интереси, ниту криминигени планови. Не може бизнис интересите да бидат поважни од интересите на граѓаните, рече Жерновски.

Тој апелираше до советниците да не ги гласаат плановите, зашто ќе се нанесе огромна штета.

Жерновски потсети дека на седницата на Советот на општина Центар, одржана во септември минатата година, мнозинството од советниците не ги изгласаа истите овие ДУП-ови. Но во меѓувреме, мнозинството во Собранието на РМ го менува Законот за просторно и урбанистичко планирање и се одземаат ингеренциите на општините.

Ова, рече Жерновски, значи одземање на ингеренциите на општина Центар. Уредно е доставена предлог одлуката за не-донесување на ДУП-овите и постапката, нагласи Жерновски, е завршена. Ова, потсети тој, го констатира и државниот Инспекторат за локална самоуправа.

– Надвор од законските рокови, по цели десет месеци, советниците на ВМРО – ДПМНЕ, всушност, партијата ВМРО – ДПМНЕ, доставија предлог за ставање на веќе не-изгласаните ДУП-ови повторно на дневен ред. Ова значи кршење на законот. За мене ова прашање е незаконско и беспредметно, рече Жерновски. Според него, изгласувањето на ДУП-от Тасино Чешмиче 1 е во спротивност со новиот донесен ГУП.

-Ова сите советници треба да го знаат. Ова јасно покажува дека протестите пред општината не беа за црквата на плоштадот, туку за хотелот Панорама. И тоа не на четири спрата, како што беше во стариот ДУП, туку на истото место да никне десеткатница. Наивно помислив кога пред околу еден месец падна потпорниот ѕид кај детската градинка “Кочо Рацин-Клон Панорама“, кога можеше да има и жртви дека оние кои не’ убедуваат дека размислуваат за животите на граѓаните, навистина ќе се освестат. Јасно кажувам дека нема да поддржам ничии бизнис интереси и криминални планови. Затоа апелирам, сите советници два пати да размислат како ќе гласаат в петок. Јас за ова на изборите не добив доверба и нема да го поддржам. ДУП-овите намерно се предлага да се носат сред летен период, по старата и позната тактика “длабоко во ноќта“, за да има што помалку сведоци. Баравме седницата да почне во 10 часот, но закажана е за 13 часот, што значи ноќе ќе се гласа за оваа одлука, рече Жерновски.

Со неусвојувањето на ДУП-от Мал Ринг го спасивме ГТЦ, рече Жерновски, но веднаш потоа власта и ги одзеде ингеренциите на општина Центар.

– Евентуалното изгласување на овој ДУП, ќе значи не само барок на ГТЦ туку и можни надоградби. Власта очигледно подразбира мнозинство за да работи како што сака, затоа апелирам до сите советници, да не ги изгласаат овие три ДУП-а, бидејќи ова ќе значи сериозна штета, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории