Жерновски во Париз

Од:

„Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во Министерството за надворешни работи на Република Франција оствари средба со Гијом Русон, директор за Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната состојба во Република Македонија, за Договорот од Пржино и за неговата реализација.

Жерновски и Русон разговараа за улогата на специјалната обвинителка за разрешување на кризата, предизвикана од прислушувањето и обелоденувањето на прислушкуваните разговори.

Од француска страна е изразена поддршка за Евроатлантските амбиции и за демократизација на Република Македонија, согласно утврдените точки во Договорот од Пржино. Русон се интересираше за прашањето за името и за меѓуетничките односи во Македонија, изразувајќи надеж дека Македонија до изборите ќе го положи тестот на политички и на меѓуетнички план.

Претходно, во Француското Национално собрание, градоначалникот на општина Центар оствари средба со пратеникот Филип Диром, претседател на Комисијата за Француско-Македонска соработка.

Двајцата соговорници изразија надеж и желба за продлабочување и продолжување на натамошната соработка помеѓу Република Франција и Република Македонија, како и соработка на општини од Франција со општина Центар.

Од француска страна, општина Центар доби поддршка за натамошна демократизација и за продолжување на досегашната транспарентна и отчетна работа.

За утре е предвидена работна средба со заменик-градоначалникот на Париз“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски