Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ да излезе со имиња и факти а не со паушални обвинувања

Од:

„Веднаш по укажувањето на граѓаните им наложив на инспекторите да излезат на терен и да видат што навистина се случува околу Плаја Виста.

Инспекторите му наложија на изведувачот СЕКТОР 909 веднаш да го отстрани спорниот објект и да престане да врши реконструкција со пренамена околу базенот.

Управителот Борче Гиновски до општина Центар испрати известување дека по приемот на решението постапил веднаш и сам го отстранил објектот и престанал да врши реконструкција на објектите околу базенот, самиот базен и земјиштето и дека не е потребно од страна на Општината присислно извршување.

Значи не е точно дека ги игнорирам одлуките на службите и на граѓаните.

Уште еднаш барам и апелирам загрижениот граѓанин кој што наводно има информации околу овој предмет, да дојде во Општината и да ни ги изложи фактите.

Уште еднаш го прашувам г-динот Лазаров, кои се тие наводно блиски лица и бизнис интереси кои биле причина за оваа, како што вели, дивоградба.

И ќе им порачам уште нешто, јас се што ветив пред да станам градоначалник, тоа и го остварувам. За месец и половина остваривме многу повеќе, отколку мојот претходник за четири години“, пишува во писмената реакција на Андреј Жерновски, градоначалник на Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар