Жерновски: Власта со сите сили се бореше за Центар поради личниот интерес на премиерот

Од:

Вчерашното објавување на снимки од разговори помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за изнаоѓање на начини за доаѓање до атрактивни локации на територија на општина Центар и инсистирањето на менување на двата спорни ДУП-а, Тасино Чешмиче 1 и Капиштец Воднo е сатисфакција за сите што се бореа за вистината, вели градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

„Сето она што го говорев во предизборниот период и откако сум избран за градоначалник е вистина! Со ова се покажа дека демонстрациите и дивеењата во јуни, 2013-та, на таканаречените “верници“ и на непостоечката невладина организација – Веритас, биле организирани и нарачани и дека воопшто не се работеше за никаква “одбрана на црквата“, туку за одбрана на личниот интерес, како што се виде, на самиот премиер. Стана јасно и зошто се донесени двата спорни ДУП-а кои беа “изгласани“ со 11 гласа ЗА и 11 гласа ПРОТИВ. Тоа е досега невидено во демократски држави и затоа одлуката ја обжаливме на Уставен Суд. За жал, уставните судии не покренаа иницијатива за уставноста и законитоста, освен судијата Наташа Дамјановска-Габер, која имаше свое, издвоено мислење“, изјави Жерновски.

Градоначалникот на Центар вели дека тука не застанува, продолжува и натаму да се бори за утврдување на вистината, покренувајќи нова иницијатива пред Уставниот Суд за утврдување на усогласеноста на Деталниот Урбанистички План со Генералниот Урбанистички План.

Zernovski - izjava (2)

„Да видиме сега какви бравури ќе измислат уставните судии, бидејќи минатиот пат видовме како “работи“ Уставниот Суд, прогласувајќи се за ненадлежен“, рече Жерновски.

Градоначалникот на општина Центар вели дека негова заложба е да престане експанзијата на Водно и уништувањето на зеленилото. Водно, вели тој, не може да ја издржи узурпацијата.

На ова, потсети Жерновски, укажуваа и експертите, кои посочија дека изградба на повеќекатници на Водно претставуваат опасност за жителите на околните парцели.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории