Жерновски: Верувам дека Шиповиќ од наредната седница ќе учествува во работата на советот

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски се надева дека судијата ќе му издаде одобрение на претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ за присуство на седници. Претседателот  Мирослав Шиповиќ од петокот се наоѓа во домашен притвор.

“Со ова ќе се докаже дека не се работи за политички монтиран процес, иако сум убеден дека притворањето на Шиповиќ беше политичка одлука. Верувам дека сепак од идната седница Советот на општина Центар ќе работи во полн состав“, изјави Жерновски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Жерновски кажа дека спомениците на албанските дејци се уште не се пристигнати и се уште не се платени. Парите за спомениците се од Министерството за

култура. Жерновски праша кога ќе биде поставена оградата на мостот кај „Холидеј Ин“, за која се тврдеше дека не е направена, а подоцна беше пронајдена во депоа, што за градоначалникот на Центар претставува криминал.

За субвенцијата до 3000 денари за нови велосипеди, граѓаните ќе можат да се јават по објавувањето на огласот за што ќе има известување во медиумите и на веб страната на општината.

Ова е пилот проект, рече Жерновски и оваа година околу 800 граѓани ќе добијат средства за купување на нови велосипеди. Средствата се еднократни и пријавувањето е со фискална сметка и фактура.

Доколку проектот се покаже како успешен, наредната година вети Жерновски, ќе се одделат повеќе средства за велосипеди, затоа што со ова се заштитува животната средина, граѓаните ќе

дишат почист воздух, ќе се рекреираат и ќе се растерети сообраќајниот метеж.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар