Жерновски утре ќе го предаде извештајот за Скопје 2014 на Јавното обвинителство

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски утре ќе го предаде првиот дел од извештајот за извршената ревизија за проектот Скопје 2014 во Јавното обвинителство.

Како што изјави Жерновски, досегашниот тек на ревизијата и подготвениот извештај е добра основа за постапување на институциите, бидејќи се откриени низа незаконистости, од самиот почеток на проектот Скопје 2014.

Слаѓана Тасева и Драган Малиноски членовите на Комисијата за три месеци имаат обврска да подготват финален извештај кој ќе ги содржи сите конкретни и прецизни податоци за контраверзниот проект.

Во првиот извештај беа наведени незаконитостите во постапката, но и некои конкретни примери како тоа со споменикот на Никола Карев. Почетно било оценето дека споменикот на Никола Карев  ќе чини 5 милиони денари да се излие во бронза, но на денот на објавување на тендерот цената за избработка се зголемила на 45 милиони денари, со обрзложение дека треба да се направи од мермер.

Сепак, Никола Карев беше излиен во бронза, а одговорот каде завршила разликата од 40 милиони денари за овој споменик, но и за сите останати следува во вториот извештај на Комисијата ангажирана од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски