(ВИДЕО) Жерновски: Уставниот суд не успеа да избега од канџите на политиката

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски не е изненаден, но е крајно разочаран од вчерашната одлука на Уставниот Суд на РМ, без никакво образложение, во последен момент да ја повлече од дневен ред расправата за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Советот на општина Центар за контроверзниот ДУП на Водно.

„Ова е скандалозна одлука, знам дека Уставниот Суд е под притисок и затоа, во август месец, кога ја поднесувавме иницијативата, ги замолив да побегнат од канџите на политиката. Знам дека се барало од судиите да ја отфрлат иницијативата, но доказите се толку сеопфатни и прецизни, така што не можеле да одат против тоа. Со ова уште повеќе се подрива и онака нарушениот углед на Уставниот Суд“, рече Жерновски.

Жерновски праша – какви дополнителни докази може да бараат судиите и какво образложение ќе понудат, дека нечии 11 гласа вредат повеќе од други 11?

Со ова се потврдува забелешката од Брисел дека партијата и државата се поистоветуваат и дека Брисел е загрижен дека промените во составот на Уставниот Суд во последните години влијаат на неговата независност и како што стои во извештајот, Уставниот Суд започнал да ги одолговлекува и компромитира одлуките.

Жерновски, како градоначалник, побара и привремена мерка за одложување на примена на ДУП-от.

Вчера, општина Центар ја посетиле три инспекции од различни области и како што рече, очекува наскоро инспекција и за овој предмет.

Со она што вчера го направи Уставниот Суд се купува време и како што велат некои, оваа иницијатива нема “бел ден“ да види.

„Роковите се изминати, но јас ја чекам одлуката на Уставниот Суд. Уставниот Суд не успеа да избега од канџите на политиката“, рече Жерновски.

За него, овој ДУП, кој предвидува изградба на десеткатен хотелски комплекс не е донесен.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек