Жерновски: Уставниот се претвори во партиски суд

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски реагира на вчерашната одлука за отфрлање на Иницијативата на општината за преиспитување на два члена од Законот за градење.

„Ова се најтешките денови за македонското судство. Ова е уште еден доказ дека во Република Македонија повеќе не постои Уставен Суд, туку партиско-политизирана институција. Одлуките не се носат во Уставниот Суд, туку во седиштето на партијата“, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Со спорните одредби, власта ретроактивно ги озакони нелегално поставените споменици низ центарот на Скопје, за кои  внатрешната ревизија на општина Центар докажа дека се поставени надвор од законот.

„Уставните судии со вчерашната одлука,  донесена точно една година по поднесување на Иницијативата,  ја  озаконија  и интервенцијата врз Градскиот трговски центар без дозвола на Општината.

За нив не е спорна намерата на власта, да донесе измени во законот, кои имаат единствена  цел – на општина Центар да и се одземе надлежноста за издавање на одобренија за градба, надградба и реконструкција на објекти, што досега беше во нејзина надлежност, а сега се пренесува на Град Скопје.

Дел од оние кои сега седат во Уставниот суд  го нарушија правото за извршување на уставните надлежности на единиците на локалната самоуправа, како една од највисоките вредности, утврдени во Повелбата за локална самоуправа од Советот на Европа, ратификувана од Собранието на РМ“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар