Жерновски: Трајановски веднаш да ја повлече незаконската одлуката за изградба на улица на Кеј

Од:

„Вчера, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата која Град Скопје сака да ја прави на кејот на Вардар и чија е одговорноста за оваа незаконска одлука.

Во посточекиот ДУП за Мал Ринг, никаде нема предвидено таква улица, туку подземна сервисна улица, како што и јасно се гледа на планот.

Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот ДУП – никаде не постои. Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само за достава. Ако е така, рестораните и сега го користат кејот за достава и затоа нема потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на Телеком, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП.

Општина Центар досега ја блокираше изградбата на улицата со сите расположливи правни механизми и ќе продолжи тоа да го прави за да се заштити овој дел на кејот на Вардар.

Го повикуваме државниот инспекторат веднаш да го преиспита ова незаконски издадено одобрение за градба од страна на Град Скопје. И како што е практика на ВМРО-ДПМНЕ, ова одобрение, градоначалникот Коце Трајановски го потпишал на 31-ви декември, во ден сабота.

Градоначалникот Коце Трајановски и неговата партија мора да разберат дека од пролетта 2013-та година, општина Центар престана да биде полигон за незаконски и криминални активности.

Инспекциските служби на Општина Центар ќе направат увид во постоечката документација и ќе го информираат државниот инспекторат, за истиот да се произнесе за оваа незаконска градба“ се вели во сооштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски