Жерновски: Тодоровиќ да го признае поразот

Од:

Андреј Жерновски, изрази благодарност до сите граѓани кои што на локалните избори гласаа за него.

„И покрај сите притисоци, закани, уфрлени гласачи од други места, остваривме победа со 15% разлика. Ова е јасна порака до досегашниот градоначалник Тодоровиќ, дека грѓаните во Центар сакаа и гласаа за промени. Ова е пораз на идеологијата на проектот „Скопје 2014“, изјави за А1он, Андреј Жерновски.

Жерновски очекува Тодоровиќ да излезе со изјава да го призне поразот, да договорат средба и да направт примопредавање.

Инаку, за прв пат општина Центар добива градоначалник во прв изборен круг. По 13 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ со Аларова и Тодоровиќ, власта преминува во рацете на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?