Жерновски со желби за среќа и здравје во Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“

Од:

И староста може да биде убава, затоа нашата грижа за возрасните треба да биде постојана и навремена. На нив им е потребна соодветна нега, сместување, но пред се’, љубов и внимание.

По четврти пат и веќе традиционално, пред новогодишните празници, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ги посетува лицата сместени во Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“ во Скопје, но интересот за нив трае цела година.

„Тука сме со целата наша поддршка за вас, бидејќи не смееме да заборавиме кој не’ пораснал. Сакам да ви се заблагодарам за се’ што направивте за нас. Нашата грижа останува, како и досега и во наредниот период“, им порача Жерновски, посакувајќи им среќни празници и многу среќа и здравје за нив и за нивните семејства.

Жерновски им подели пригодни подароци, а за убавата предновогодишна атмосфера се погрижија децата од центарската градинка „13-ти Ноември“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар