Жерновски: Следниот референдум во Центар ќе биде за Водно

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ги покани жителите на Водно на 26-ти април да излезат на референдум на избирачките места на кои гласаат за сите избори и да се изјаснат дали се за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.

Sredba so gragjani - Vodno (1)

„Идната година повторно ќе одвоиме средства од буџетот на општината за организирање на референдум на локално ниво. Следниот референдум на општина Центар ќе биде за Водно. Со него, ќе ја ограничиме висината на Водно, за да не може ниту една власт да го узурпира просторот“, рече Жерновски.

Sredba so gragjani - Vodno (3)

Жерновски најави дека идниот месец продолжува акцијата на општина Центар – „Цел Центар на Точак“, која се покажа како успешна минатата година. Секој заинтересиран кој сака да вози нов велосипед, ќе биде субвенциониран од општината.

Sredba so gragjani - Vodno (2)

Градоначалникот и општинските служби, на средбата на која присуствуваа стотина граѓани, како и советниците од општината, информираа за наредните планови, за изградбата и реконструкцијата на неколку улици кои што се во надлежност на општина Центар.

Sredba so gragjani - Vodno (6)

Проблеми, но и идеи и планови за подобрување на паркирањето во овој дел на Центар, општината е отворена за граѓаните кои веќе договорија средби со надлежните околу ДУП-овите, легализацијата на објектите, состојбите со канализациите, зеленилото и хигиената.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар