Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар и лидер на ЛДП, на својот ФБ профил напиша: Имам нова животна желба“ и одговори на написот на порталот vistina.mk со наслов: Жерновски навиваше во дрес со боите на Грција!?
Еве ја реакцијата на Жерновски:
Горам од желба да го запознаам авторот на овој “проект”, според кој треба да бидам прогласен за предавник затоа што на вчерашниот натпревар сум се појавил во тегет маичка. Тоа требало да значи дека сум навивал за нашиот јужен сосед, чие знаме е во светло сина и бела боја.
Пријатели, убеден сум дека можете да пронајдете далеку поумни теми за напад. Ако веќе сте наумиле, можевте да ме критикувате што седев меѓу “обичните” љубители на ракометот и навивав со нив, за разлика од министерката и нејзините колеги, кои беа сместени во ложата, заедно со нивните телохранители.
Се прашувам, што ли ќе беше ако по натпреварот, отидев да јадам- гиро ?!?
За vistina.mk тегет маичката на Жерновски со бела лента значеше предавство.
„Многумина кои го видоа на трибините гласно се запрашаа каде живее човеков? Дали нема национално чувство или му недостасува осет за навивачки дрес-код!? Или“, напиша vistina.mk .
А требаше само да отворат интернет и ќе дознаеја дека бојата на грчото знаме е сина(како морето) и бела.
Многумина денеска изреволтирано и потсмешливо го искоментираа напишаното од vistina.mk.