Жерновски: Референдумот за ГТЦ не само што не е откажан, тој ќе успее

Од:

Отворено и без политика, вака се договорија и разговараа жителите на Кале и Крњево со градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, неговите соработници и директорот на ЈП ПОЦ Саша Богдановиќ. На почетокот Жерновски ги замоли жителите  во недела да излезат на референдумот за ГТЦ, велат од Општина Центар.

sredbaKaleKrnj (1)

„Ова е историски референдум и затоа треба сите да излеземе и да гласаме. Многумина центарци овие денови ме информираа дека некои луѓе, претставувајќи се лажно како архитекти и вработени во Водовод, од врата до врата, Ви кажуваат дека референдумот е откажан. Не само што не е откажат, туку и референдумот за ГТЦ ќе успее“, рече Жерновски.

sredbaKaleKrnj (5)

„Тој информираше дека се гласа од 07:00 – 19:00 часот со излегување на истите избирачки места каде што граѓаните гласале на сите парламентарни, претседателски и локални избори.

sredbaKaleKrnj (3)

Градоначалникот ги информираше декаод мај месец продолжува акцијата Цел Центар на велосипед, а од септември наместо родителите како досега, општина Центар ќе плаќа за обезбедувањето и екскурзиите во основните училишта во Центар и за англиси јазик и физичко воспитување во градинките.

sredbaKaleKrnj (4)

Легализацијата, игралиштата, урбаната опрема и паркингот беа темите за кои се интересираа жителите на Кале и Крњево. Договорени се средби со општинската администрација за решавање на сите прашања за подобар и поквалитетен живот“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски