ВИДЕО: Жерновски прогласи победа во Центар

Од:

Андреј Жерновски прогласи победа по трет пат во општина Центар. Овојпат, неофицијално според преброените гласови неговата победа е уште поубедлива и со поголема разлика пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ со приближно 3000 гласови.

Според досегашните податоци на ДИК, Жерновски е во водство пред Тодоровиќ.

И покрај сите случувања, денес во Центар победи волјата на центарци. Ви благодарам што го одбранивте граѓанскиот концепт. Победивме и по трет пат!!!

Ова е пораката што вечерва Жерновски ја напиша на својот профил на Фејбук.

Мојата победа е изборена по трет пат со тоа што во првиот круг противкандидат на граѓаните им беше Владимир Тодоровиќ, во вториот круг Никола Груевски, а денеска противник на власта и беше народот. Оваа победа е јасен доказ дека волјата на народот насила никој не може да ја смени.

Многу му благодарам на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, чии драгоцени совети доведоа до оваа наша заедничка победа – изјави Жерновски.

Во штабот на Жерновски се сите пратеници од СДСМ, Црвенковски, Ристо Пенов и поранешниот лидер на ЛДП, Јово Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?