Жерновски: Постапуваме по законот, но отворени сме за сугестии

Од:

Од медиуми и кругови блиски на власта излегоа обвинувањата и невистините во врска со одлуката на Советот на Општина Центар за комунален ред. Градоначалникот Андреј Жерновски одговорајќи на новинарски прашања посочи дека она што цинично го напишаа и кажаа одредени новинари блиски до власта, но и други одредени кругови е само непознавање на законите и одредбите или намерно срочени информации за да и’ се наштети на општината и нему како градоначалник на истата.

IMG_20130916_131548

Жерновски ги покажа законите и одлуките од кои јасно се гледа дека општината морала да постапи и да ги почитува законите и инспекцискиот надзор. Законот за комунални дејности во Службен Весник е објавен на 26.06.2012 и во член 12 е пропишано дека советот на општините, односно Советот на Град Скопје треба да донесат одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување.

Здружението на комунални инспектори заради имплементација на законот предлага одлука во која во член 160 стои: “Не е дозволено чување на кучиња со ќуд со постојано лаење и завивање“.

IMG_20130916_131528

Во месец февруари и во месец јуни во Општина Центар е извршен инспекциски надзор и по констатираната фактичка состојба се наложува носење на одлука за комунален ред.

Еве што друго е предвидено во одлуката а што е во согласност со европските практики:

„Сопствениците се должни кучињата да ги чуваат во своите дворови, а надвор може да се изнесат само со корпа на устата и подводник. Изметот од кучињата сопственикот е должен да го собере во кеса и да ги остави во корпи наменети за таа цел. Сопствениците на ловечки кучиња, пак, се должни да ги држат врзани кога минуваат низ територијата на Центар“.

IMG_20130916_131454

Градоначалникот Жерновски посочи дека, како и секогаш, така и сега е отворен за сите сугестии и барања на жителите на Општина Центар. Подготвен е да ги сослуша граѓаните, но и да им објасни зошто е донесена таквата одлука.

За утре, на барање на градоначалникот Жерновски, е закажана средба со претставници на здружението за заштита на правата на животните “Анима Мунди“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории