Жерновски: Победата почна во Центар, ќе ја добиеме и битката за Македонија

Од:

Претставници на младите социјал-демократи од Финска во едночасовен разговор со градоначалникот Андреј Жерновски, се интересираа за проектот Скопје 2014, актуелната политичка состојба во земјата, бомбите на опозицијата и како да се стави крај на сето она што ја разнебитува демократијата.

„Ние имаме режим кој владее со државата. Под контрола на власта се медиумите и јавните институции. Иако власта сака да го пренасочи вниманието на јавноста дека наш основен проблем е името, веќе и меѓународната заедница знае дека имаме и други големи проблеми. Ние имаме политички затвореници, затворени медиуми, тепани и избркани пратеници и новинари од собраниската сала. Тоа може само еден режим да го прави и затоа ова е борба за демократија. Сите граѓани го плаќаат јавниот сервис, МТВ, а тие, по примерот на Северна Кореја, информираат само што прави премиерот. Јас ги разбирам луѓето кои што се плашат да загубат работа, бидејќи најголем работодавач во државата е самата влада, но затоа треба да ги охрабриме и не е само да се гласа против владата, ние треба да имаме силна програма и добри кандидати за наредните избори. Во април ние ќе направиме се’ за да ги добиеме изборите. Победата почна од Центар и во април ќе ја добиеме битката во целата земја“, рече Жерновски.

Zernovski - Poseta (1)

Градоначалникот на Центар ги запозна младите социјал-демократи од Центар со тоа што владата не може да се помири дека го загубила Центар, секојдневните притисоци од власта, како и со прекуноќното менување на закони и прописи, само да и’ се одземат ингеренциите на општината.

За проектот „Скопје 2014“, градоначалникот кажа дека е пералница на пари и дека за стиропор и кич се потрошени повеќе од половина милијарда евра, иако власта цената на чинење на проектот Скопје 2014 ја крие, иако на почетокот ветуваше дека сето ова граѓаните ќе ги чини 80 милиони евра.

Zernovski - Poseta (2)

„И по 2 години, нема одговор од обвинителството за наодите од ревизијата, која лоцираше многу неправилности, незаконски дејства и сомнеж за голем криминал но“, рече Жерновски, власта не може толку да го уништи зеленилото во Центар колку што ние можеме да засадиме ново, затоа – продолжува битката за секоја нова зелена површина.

„Заедно со граѓаните ќе биеме битка за зачувување на Дебар Маало, бидејќи власта во јули си изгласа закон со кој ќе може и хотелски комплекси, станбени објекти и катни гаражи да се прогласат за објекти од посебен интерес, со цел задоволување на апетитите на градежната мафија“, рече градоначалникот на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство