(ВИДЕО) Жерновски: Пазарчето Буњаковец останува, за се друго одлучуваат граѓаните

Од:

Најгруба дезинформација е дека пазарчето Буњаковец ќе биде отсрането. Вака градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, реагира на написи во дел од медиумите.

„Криминалците од ВМРО-ДПМНЕ треба да пронајдат наводни скандали и афери каде што ги нема за да ги покријат своите скандали и афери. ВМРО-ДПМНЕ ги има и судството и полицијата и обвинителството. Ги повикувам да дојдат и да испитаат дали има некаков криминал во Центар“, рече Жерновски.

Она што предвидуваме со измените во ДУП-от е пристап на возилата до Буњаковец, осовременување на пазарчето и пробивање на улицата, може, рече Жерновски да има и бензиска, но за тоа што ќе има, ќе одлучуваат граѓаните на Центар.

Во врска со лицитирањето на можни имиња кои би работеле со бензиската пумпа, тој посочи дека земјиштето е во сопственост на Скопски пазар и тие ќе ја носат одлуката.

„Планот „Дебар маало 1“ допрва ќе се разгледува. Измените на ДУП-овите кои што ќе се разгледуваат летово нема да ги носиме ноќе, на јавна расправа ќе бидат два месеци.

Материјалот за ДУП-от „Дебар маало 1“ на советниците им беше поделен пред 3 недели, но почна да се пишува дента кога му испратив писмо на министерот за внатрешни работи, со барање за ургенција за уривање и прашав зошто штитат дивоградба во Крњево.

ВМРО-ДПМНЕ работи по познатата „држете го лоповот“, рече Жерновски.

Иако уредно поканети, со назнака дека Жерновски ќе одговара за наводната афера, медиумите кои пишуваа на „скандалот“ не дојдоа на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски