Жерновски: Паркинзи Центар работи со добивка и не треба спојување со паркинзи на градот

Од:

Денеска се одржа редовната средба на Општина Центар со град Скопје. Во овие три дена Јавните претпријатија на градот работат во општината.

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски го поздрави ваквиот начин на работење, ефектите, рече, ќе ги видиме веќе на есен.

„Не е тајна дека за некои работи имаме ист став, а за некои различен. Но треба да покажеме дека и двајцата градоначалници работиме во интерес на граѓаните. Знам дека различностите некаде се стратегија на повисоко ниво, но треба да ги најдеме точките каде што можеме да соработуваме. Во однос на паркинзите знаеме дека град Скопје стопанисува со паркинзи кои се во надлежност на општина Центар“, рече Жерновски.

„Жално е што не дојде до спујавање на двете јавни претпријатија за паркинзи, рече градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Zernovski - Trajanovski 2015 (7)

Жерновски посочи дека идејата за спојување на двете претпријатија била кога паркинзи на општина Центар работеле со загуба.

„За ова зошто ЈП Паркинзи Центар работеше со загуба треба да го прашате претходното раководство на јавното претпријатие. Сега ЈП Поц работи со добивка и не треба да се спојуваат двете претпријатија. Она што е на Општина Центар треба да биде на општината, а она што е во град Скопје треба да биде во градот“, рече Жерновски.

Zernovski - Trajanovski 2015 (4)

Коце Трајановски посочи дека во овие три дена ќе се санираат улиците, канализацијата, прекопите кои што се во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски