Жерновски: Општина Центар се залага за рамноправност, транспарентност, отчетност, соработка, одговорност

Од:

Зголемување на учевство на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, ова беше целта на првиот граѓански форум во општина Центар, организиран од Центарот на заедницата, во соработка со општината.

Forumi na zaednicata (10)

Општина Центар, рече градоначалникот Андреј Жерновски, се залага за принципите и вредностите на рамноправност, транспарентност, отчетност, соработка, одговорност и демократско владеење. При имплементирање на стратегиите и на стратешките приоритети, општина Центар ќе има еднаков однос кон сите граѓани и нивните здруженија, без разлика на етничка, верска или полова припадност.

Forumi na zaednicata (3)

Целиот процес ќе биде транспарентен, граѓаните ќе бидат активно вклучени, локалната админитрација ќе биде достапна и отворена за предлози, сугестии и идеи.

Forumi na zaednicata (4)

„Граѓаните за прв пат ќе имаат можност директно да се вклучени во работата на општината преку своите организации и како граѓани, во реализација на проектите кои ќе бидат издвоени како приоритет. Ваквата отвореност на општината кон граѓаните ќе биде практика која полека прераснува во препознатлив стил на негување на демократските принципи и вредности. Општина Центар ќе стане водечка општина во транспарентното работење и вклучување на граѓаните во сите процеси“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Forumi na zaednicata (7)

Присутните граѓани имаа можност да ги проследат планираните проекти од предлог-акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации и од истите да предложат приоритетни проекти, кои ќе ги имплементира општина Центар во периодот 2015 – 2016 година.

Forumi na zaednicata (11)

Фото: Ванчо Џамбаски/CC

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец