Жерновски: Одбраната на Груевски ги користи сите средства за да го одложи судењето

Од:

Одбраната на експремиерот Никола Груевски ги користи сите средства за да го одложи судењето. Ова го изјави пред Основиот суд поранешниот градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски.

„Колку и да се пролонгираат судењата, правдата ќе стигне“, рече Жерновски.

Денеска беше одложено судењето за насилствата во Центар, во кое осомничени се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

Одбраната побара да биде одложена главната расправа поради недостаток од камери за тонско и визуелно снимање на судењето.

В.М.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор