Жерновски очекува СЈО брзо да го сработи предметот за криминалот во „Скопје 2014“

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, одговарајќи на прашање од советниците за тоа дали по 2 и пол години има одговор од Јавното обвинителство за предметот „Скопје 2014“, одговори дека прва активност по неговиот избор за градоначалник беше ревизија за контроверзниот проект.

Двата изготвени извештаи, со комплетен материјал за констатираните неправилности и незаконски активности, беа доставени до дипломатскиот кор, делегацијата на Европската Комисија во Скопје и до јавното обвинителство.

skopje2014OKO

„Доказите кои ги доби Јавното обвинителство, беа повеќе од доволни за да се отвори предмет, но поради селективното работење и одлучување на јавното обвинителство, тоа не се случува. По 4 месеци добивме барање од обвинителството за нови материјали. Ова, според познавачите, значи дека се отвора предмет и тоа ми даде оптимизам, но од тогаш обвинителството молчи. Од Специјалното јавно обвинителство добив писмо дека тие работат на 4 предмети за ‘Скопје 2014’. Дојдоа во општина Центар и ги добија сите неопходни докази и материјали. Затоа сум оптимист дека СЈО брзо ќе го сработи предметот за криминалот во „Скопје 2014’“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Новоназначениот командир на ПС „Центар“, Дарко Милевски, прашан од координаторот на советничката група на СДСМ, Игор Алаџајков, до каде е случајот со демолирањето на општтина Центар од група хулигани, предводени од наводна невладина организација „Веритас“, одговори дека постапката имала сплет на кривични дела.

veritas-vernici

„Има инкриминирани дејства од посочената група, предметот е во Јавното обвинителство, кое има увид во фактичката состојба. Не треба да се мешам, но ме засега што Јавното обвинителство е пасивно и не покренува постапка“, рече командирот Милевски.

Реагирајќи процедурално, Горан Богдановски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побара Милевски да се воздржи од квалификации и побара презумпцијата на невиност да се почитува.

Командирот беше јасен дека ги знае надлежностите и улогата на полицијата во предистражната постапка и полицијата сомничи, а обвинителството цени дали доказите се издржани.

На забелешката од ВМРО-ДПМНЕ, зошто по втор пат го поставува истото прашање, координаторот на советничката група на СДСМ, Алаџајков одговори дека прашањето го поставува по петти пат и ќе го поставува додека правдата не излезе на виделина.

Милевски е прв командир на ПС “Центар“ по три години, кој што не е назначен од Министерот за внатрешни работи, туку избран од Советот на општина Центар, на предлог од тројца кандидати од министерот.

Претходниците на Милевски беа назначувани како В.Д. командири од страна на екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски