Жерновски: Нема услови за локални, но сега е вистинскиот момент за парламентарни избори?!?

Од:

„Ако зборуваме за корона вирусот, има една работа што е полоша од самиот вирус. Точно, тоа се оние кои ја (зло)употребуваат пандемијата за да спечалат лична корист во политиката, во бизнисот, во судството, односно во секој можен сегмент од нашето живеење. Не е новост дека претседателот на партијата на Груевски, Христијан Мицкоски, е еден од нив. Не е новост ниту веста дека продолжува со старата практика да ги брои жртвите и новозаразените од вирусот, што остава впечаток дека посакува се’ поголеми бројки. Сепак, новост е свежата “генијална” стратегија, која докажува дека некои човечки особини навистина не признаваат лимит. Имено, во еден ист ден, во рок од само 24 часа, на темата предвремени избори, инаку сон на секоја опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ настапи со две целосно, една на друга, спротивставени тези: не сакаме да учествуваме на локални избори избори зашто нема услови за нивно одржување, но бараме предвремени парламентарни избори затоа што сега е вистинскиот момент за тоа!

Чекајте… не е тоа “малку” контрадикторно ?!?“, објави на својот Фејсбук поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски, а по повод вчерашните барања на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

„Поентата ми е, ќе се изнагледаме и изначитаме уште многу вакви небулози од Мицкоски. Во меѓувреме, додека лојалните партиски членови се прашуваат дали има пилот во вмровскиот авион, на пошироката јавност и’ е сосема јасно дека целата стратегија се сведува на еден збор: Конгрес. Ах, тој пуст нивен Конгрес- причината за организирање на групни протести против пандемијата во екот на пандемијата, односно за бегањето од изборите за нов градоначалник на Штип. Зашто, губењето и на овие избори во, до вчера “верниот Исток”, ќе значи губење и на партиската претседателска фотелја, односно дефинитивен крај на крајно скромната политичка кариера. Затоа, следи неговиот повик: Браќа и сестри (оние малкумина што останавте со мене), ајде да ги бојкотираме изборите! Имаме и добар изговор, зарем не?
Само, следи и контра, сосема здраворезонско размислување- а, што правиме со барањето за нови парламентарни избори? За нивно одржување, корона кризата не е пречка?!?
Еден мој пријател, иначе докажан десничар и член на нивната партија, ми вели: денеска да се објави дека е пуштена во употреба вакцина против короната, ние ќе немаме веќе за што да зборуваме.
И во право е. На раководството на ВМРО- ДМНЕ не му се битни другите теми. Ниту владиниот економски пакет за намалување на девастирачките последици од корона вирусот, ниту образовниот систем за време на пандемијата, ниту блокадата од источниот сосед, ниту поддршката за тоа прашање од Брисел, ниту случувањата поврзани со апсењата на високи функционери (изгледа, не само) од Косово. Ништо. Само патетично положување на цвеќиња пред Владата, злоупотребувајќи ја оваа чума, со неодминливо горчливо чувство во секој од нас, дека некој очајно посакува утре да постави уште поголем број на каранфили, само за да дојде на власт“, пишува тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ