Жерновски: Нема никакви шанси за соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Состојбата денеска во политиката, на демократски план, на економски план едноставно не приморува да соработуваме сите во опозицијата. Да имавме ние едни услови каде што нормално функционира демократијата, економијата да не беше на вакво ниско ниво, тогаш ќе беа сосема други услови, меѓутоа, денешната состојба, да не заборавиме дека овој нов мандат на Никола Груевски започна со убиство, започна со апсење на политички лидери, започна со апсење на сопственици на медиуми, Македонија бележи сериозен пад на демократијата, така што ние мора да соработуваме“, вели во интервју за Радио слободна Европа, Андреј Жерновски, лидер на ЛДП.

За Жерновски се уште е рано да каже како ќе заврши проектот. Не ја исклучува можноста ЛДП да настапи самостојно на изборите, но многу поверојатна е соработка-коалиција со ВМРО-Народна, ОМ и Достоинство.

„Ако една сериозна анализа покажува дека коалиција со СДСМ ќе биде најдобриот начин да ја смениме оваа власт, тогаш јас сум спремен и тоа да го направам“, рече Жерновски.

Жерновски е јасен, вели, нема никакви шанси да соработуваме со ВМРО-ДПМНЕ на идните избори, напротив главна цел е оваа политика да си замине.

„Граѓаните , како што созрева демократијата, знаат дека коалиција е неопходна меѓу албанските и македонските партии, така што не гледам зошто тоа не би го направиме пред избори, напротив мислам дека тоа ќе прати една одлична порака како на домашен план, така и на надворешен план“, додава Жерновски.

Лидерот на ЛДП не очекува ништо ново во преговорите по изборите во Грција. Владите на Македонија и Грција, вели, не се заинтересирани да го решат овој проблем.

„Апсолутно сум убеден дека евро-атлантските интеграции, аспирации воопшто не се на дневниот ред, на агендата ако сакате на актуелната влада“, вели Жерновски.

„Не лесно да се воспостави оваа соработка, но ние ќе мора да собереме сила, или ако сакате да ја оставиме суетата зад нас, несогласувањата што ги имавме во минатото, за да можеме сите да го постигнеме она што, не на овие партии, туку на Македонија и е потребно, а тоа е смена на оваа штетна политика“, одговара во интервјуто за Радио слободна Европа, Андреј Жерновски, на прашањето за коментар за предлогот на Љубчо Георгиевски, за „Северна Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ

ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Катерина Ѓуровски