(ВИДЕО) Жерновски: Нема да се изненадам доколку јас сум нареден за апсење

Од:

Кој е следен по минатонеделното апсење на екс-градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески? – новинарите го прашаа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, дали не се плаши од постапките на власта и од можното сценарио тој да биде следен за апсење.

Потенцираа дека Петрески имал секојдневни притисоци и опструкции и не можел да работи.

Жерновски одговори дека притисоците се континуирани.

„Не би ме изненадило сето ова, слушам дека следен за апсење е градоначалникот на Куманово и останувам само јас како градоначалник од опозицијата. Ако се сеќавате, ова веќе го најави еден од водителите, близок до власта, кој пред една година уште кажа дека следен, по апсењето на Шиповиќ, сум јас“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски