(ВИДЕО) Жерновски: Бензинска кај Буњаковец нема да има, на ред е Груевски да даде оставка

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кажа дека нема да се гради бензинска пумпа кај пазарот Буњаковец.

Тоа, според Жерновски, е желба која ја изразиле жителите на општина Центар и која ќе ја почитува. Тој ги оцени како груба манипулација тврдењата на дел од медиумите дека ќе се отстрани пазарчето Буњаковец.

– Имаше две желби од жителите на општина Центар, едната на локално, другата на централно ниво.

– Желбата на локално ниво беше да нема бензинска пумпа кај пазарот Буњаковец. Затоа во ДУП-от кој ќе го поднесам за седницата на советот на општина Центар, нема да има бензинска пумпа. Втората желба на централно ниво е што побргу Груевски да замине од политичката сцена, и тој треба да ја испочитува волјата на граѓаните, рече Жерновски на соопштувањето на резултатите од акцијата „Цел Центар на точак“

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек