Жерновски: Нема да дозволам да бидам заробен тука

Од:

Советниците во Центар ги разгледуваат извештаите за работењето на основните училишта. И оваа седница започна со процедурални забелешки и надмудрувања.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат го прозва градоначалникот Андреј Жерновски зошто не присуствувал на претходната седница.

Даниела Рангелова, советник од ВМРО-ДПМНЕ, побара, како што рече, само да му го слушне гласот на градоначалникот.

За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, јас најредовно учествувам во работата на Советоти одговори Жерновски.

„Сакате гласот да ми го слушнете. Тоа е добро затоа што советниците на вашите градоначалници не можат лицата да им ги видат. Градоначалниците го гледаат еднаш во три месеци. Се распрашував за работата на другите Совети. Не можете и нема да затоа што постојано барате да бидам присуте“, рече Жерновски.

Според Деловникот, градоначалникот не е обврзан да присуствува на седниците доколку не се јавува како предлагач на точка на дневен ред.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните