(ВИДЕО) Жерновски: Не треба нова опозиција, туку нова власт

Од:

„Не треба нова опозиција, туку нова власт“, порача пред прилепчани, Андреј Жерновски.

Укажа на сметките и затворените дуќани, на безработицата и сиромаштијата. А за сметка на тоа, рече градат споменици и глупости садат.

И вие не го сакате Скопје 2014 и ние не го сакаме. Мора да се спротивставиме на овој режим. Денеска со Со Сиера Леоне не споредуваат. Над сто проценти ги поскапија струја та и храната, а се фалат дека за 550 денари ги зголемиле пензиите. Сега не се вели како да се преживее месецот или годината, туку како денот да се преживее, рече Жерновски.

Ова, рече не е битка на политички партии, туку битка за сегашноста и иднината.

На Никола Груевски му се случува народ. Непознато е дали ќе имаме локални или парламентарни избори, дали ќе имаме заедно и локални и парламентарни избори, но познато е дека победуваме. Во Прилеп народот ќе победи. Ова е отпор, ќе се повлечеме кога ќе се повлечат тие, порача Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите