(ВИДЕО) Жерновски: Не сакаме булдожери, но редот и законите мора да се почитуваат

Од:

Уште девет дена остануваат од 30-дневниот рок кој што Општина Центар го даде на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и на изведувачот „Бетон“, сами да ја отстранат нелегално изградената тераса.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, одговорајќи на новинарски прашања, денеска рече дека досега не видел дека нешто се презема.

„Ние и дадовме рок на политичката партија сама да ја отстрани дивата тераса. Ние не сакаме булдожери, но не сакаме да влеземе и во политички замки“, рече Жерновски.

Ова, посочи, е само дел од редовните активности кои ги презема Општината, за ред и почитување на законите. Редовно се мери и бучавата и загаденоста во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар