Жерновски: Не ја разбирам опседнатоста на Јакимовски со мене и општина Центар

Од:

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, на барање на новинарите, одговори на обвинувањата на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Јакимовски го обвини дека му праќа шпиони и дека Жерновски, како што рече се спуштил под нивото на кукавица.

Жерновски рече дека прв пат слуша за таков настан и дека не е негов стил да праќа шпиони. Вокабуларот на Јакимовски е познат и не сака да го коментира.

„Кога би го правел тоа би сакал да знам како работи некоја општина која добра функционира, а не да шпионирам во општина која должи 11,5 милиони евра и е на листата на должници. Не ја разбирам опседнатоста на Јакимовски со мене и со општина Центар“, изјави Жерновски.

Тој посочи дека би сакал да учи од општини кои финкционираат добро, независно дали се раководени од лица од власта или опозицијата.

„Не сакам да учам од луѓе кои од една од најдобрите опшини ја претвори во должник“, рече Жерновски.

Жерновски рече дека посоченото лице не работи во општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар