Жерновски на 50 семејства од Центар им додели решенија за легализација

Од:

„95-годишен жител на општина Центар, по долги години чекање и шетање по административните лавиринти, конечно стана свој на своето. Неговата ќерка го подигна решението за легализација на семејниот имот.

Петчлено семејство, кое живее во 15 метри квадратни во Маџир Маало и без струја, сега со решението за легализација ќе може да се приклучи и законски да добие електрична енергија. Ова се само дел од 50-те центарци кои добија решенија за утврдување на правен статус за бесправните објекти“, соопштуваат од Општина Центар.

„Со доаѓањето на новото раководство во општината, доделени се 2.200 решенија, со што се легализирани половина од поднесените барања.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, им честиташе на жителите и им вети дека ќе се работи со уште посилно темпо. Ги покани да дојдат со секој предлог и проблем , бидејќи вратите на општината се секогаш отворени за сите граѓани на Центар“, се вели во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар