Жерновски на 25-от Министерски совет на ОБСЕ во Милано

Од:

Делегација на Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, утре и задутре ќе учествува на 25-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кво Милано, Италија.

Како што соопшти МНР, на Министерскиот совет најавено е присуство на високи претставници на 57-те земји учеснички на ОБСЕ и партнери на организацијата, меѓу кои и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

На Министерскиот совет ќе бидат разменети мислења за работата и активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Италијанското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број на одлуки и декларации кои се однесуваат на делувањето во трите димензии на Организацијата: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.

Жерновски ќе има свое обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. Воедно, на маргините на советот, тој ќе оствари и одвоени состаноци со претставници на институциите на ОБСЕ, како и билатерални средби со шефови на делегации на земјите учеснички на Организацијата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија