Жерновски: Лицемерието на Груевски е бескрајно

Од:

„Дека лицемерието е човечка особина, знаеме отсекогаш. Но дека лицемерието може да биде бескрајно, дознавме дури вчера“, вака лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски ја коментира и оценува изјавата на премиерот Никола Груевски, дека неговата коалиција со ДУИ, всушност, цела година била во криза и дека тој ќе го чува достоинството и образот на македонскиот народ.

ЛДП јавно прашува дали е тоа истиот Никола Груевски кој пред само некој месец, заедно со неговиот партнер Ахмети, даваа изјави дека во владата и владината коалиција нема никави недоразбирања, односно дека сите гласини лиферувани во јавноста се шпекулации и неостварени желби на некои опозициски кругови.

Нели е тоа истиот Никола Груевски од пред месец дена кој, на годишнината на ДУИ, а пред камерите и фоторепортерите, изгледаше прилично среќно и задоволно во прегратките на Ахмети, прашува ЛДП.

„Или, ако сака да зборуваме за неговото поимање на “достоинството на македонскиот народ”, тогаш да го прашаме дали тој лично не го погази и прегази достоинството на македонскиот народ со амнестерањето на злосторниците од Хашките случаи. Не е ли газење на достоинството на бранителите кога двапати во Собранието, кога тој и неговите пратеници не дадоа зелено светло за законот за нивните права, оној ист закон кој сега лицемерно го поднесува исклучиво во функција на неговиот личен рејтинг и интере“, рече Жерновски на прес-конференција.

Токму македонскиот премиер, потенцира Жерновски, со своите политики, во континуитет го уништува достоинството на Македонија и нејзините граѓани.

„Дали смета дека е достоинствено нашата земја да биде на првото место по мизерија во светот, или меѓу петте земји со најлоши економии на планетата, дали е достоинство, според економските параметри, да се биде во друштво со Конго, Судан и Белорусија? Дали се работи за достоинство кога македонците кои бараат азил во Швајцарија, се веднаш зад Еритреја, или можеби за него е достоинство да сме први во Европа по невработеност, особено на младите луѓе? Дали не гази врз достоинството на илјадници наши граѓани кои неможат да ги платат енормно високите сметки за струја и парно, на оние кои неможат да купат огрев, а да не зборуваме за достоинството на сите оние луѓе кои едвај преживуват и на кои најосновните прехранбени продукти им се недостжни“, праша лидерот на ЛДП.

„Груевски, очигледно, нема одговори на сите овие прашања и токму поради тоа го одвлекува вниманието и ја замајува јавноста со меѓусебни медиумски препукувања со министерот за одбрана, како тој да не е премиер, а Бесими негов министер. Кој го спречи Премиерот веднаш да го разреши својот министер или, пак, неговота пратеничка група да поднесе интерпелација и да му изгласа недоверба?Но повеќе од oчигледно е дека Груевски и неговиот владин коалициски партнер не мислат и не работат во интерес на земјата и граѓаните, туку единствено во интерес на сопствениот рејтинг и рејтингот на нивните партии. За какво помирување станува збор ако и едниот и другиот со своите изјави и потези, во трката по гласови, лицемерно се додворуваат на своето македонско, односно албанско гласачко тело, нанесувајки непроценлива штета на меѓуетничките односи и на интересите на државата“, оцени Жерновски.

Евентуалните избори, оцени, се потег смислен од прагматичните маркетиншко партиски кујни, кој треба народот постојано да го држи надвор од тешкото секојдневие.

Главна причина зошто Груевски вчера широко ги отвори вратите за предвремени парламентарни избори, според ЛДП, е немањето на капацитет да се решат економските проблемите со кои се соочува државата и кои го оптоваруваат и така тешкиот живот на граѓаните.

„Кога ќе го прашате Груевски зошто македонската економија, под негово водство, е меѓу петте најлоши во светот, тој ќе ви одговари- ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ; кога ќе го прашате зошто имаме секојдневен раст на цените на струјата, парното, прехранбените продукти, тој ќе ви одговари- ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ; кога ќе го прашате зошто е празен буџетот па мора да се задолжуваме, тој ќе ви одговари- ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ. Па, таков ли премиер и е потребен на Македонија“, праша Жерновски.

Опозицијата, рече, не смее и нема да побегне од евентуално изборно соочување. ЛДП смета дека на Македонија навистина и се потребни избори, но избори кои ќе ги спроведе демократска влада, а не оваа.

„Заминувањето на Ахмети или, пак, на Груевски, од Владата, не значат автоматски и нови избори. Напротив, тоа може да значи и ново парламентарно мнозинство, но составено со една и единствена цел, а тоа е организирање на демократски парламентарни избори со претходно децидно имплементирале на препораките на ОБСЕ, со носење на нов изборен законик, , без притисоци врз гласачите, без закани по работните места на вработените, без купување на гласови, и што е мошне битно, со прочистен избирачки список, бидејќи стана јасно дека ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ГЛАСАЧИ ОТКОЛКУ ЖИТЕЛИ“, изјави Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Во спортот нема национализам и расизам, Даку да се извини за навредите насочени кон Македонците

ЛДП: Мерката на Мицкоски за реорганизација на здравството е уште една од нашите „позајмени” програмски определби

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов