(ВИДЕО) Жерновски: Колку години и требаат на Јанкулоска да ги пронајде вандалите од Центар?

Од:

Ниту по 14. месеци полицијата нема одговор кој кршеше прозорци и врати во Општина Центар, по повикот на верската невладина организација „Веритас“.

Ниту денешното присуство на в.д. командирот на Полициската станица Центар Игор Јаковлевски, не даде одговори до каде е истрагата за инцидентот од јуни 2013 година.

Поради ова Општина Центар со 12 гласа против не го прифати 6-месечниот извештај на полициската станица и побараа како и за другите инциденти во државава и за овој да покажат поголема ангажираност.

„Бидејќи јавно беше објавен организаторот – Веритас, кога побарав да упатам документи видов дека таква организација воопшто не постои. Значи некој лажно се претставувал. Колку време, месеци и години ќе и требаат на Јанкулоска да дојде до луѓето кои демолираа и кои ги има на сите снимки од медиумите. МВР знае да биде ефикасно и да бара снимки од телевизиите за да ги гони навивачите, но истата министерка не може да ги пронајде сторителите што демолираа во Општина Центар. Еден од најголемите активисти во уништувањето на инвентарот во Центар беше присутен на конвенцијата на претседателскиот кандидат. Ете тој делегат на конвенцијата полицијата не може да го најде“, рече Андреј Жерновски.


На ова в.д. командирот одговори дека нема ништо ново за таканаречениот инцидент што од Жерновски не беше прифатено и побара да се извини за употребата на зборот „таканаречен“.

„Не може да разговараме вака – Да кажувате дека нема нови моменти, тоа во советот не може да помине, но прашањето е: Зошто нема нови моменти? И која е причината за МВР овој инцидент да не постои? Што му треба на МВР за да констатира дека имаше вандализам?“, рече Жерновски, додавајќи дека ова дело нема да биде заборавено и секако еден ден ќе биде разгледано.

Советниците од СДСМ и коалицијата обвинија за двојни аршини на полицијата која според нив кога се работи за членови на ВМРО-ДПМНЕ не ги решава ваквите инциденти, а кога се инволвирани некои други кои не се членови на владејачката партија тогаш ги решава по експресна постапка.

Претседателот на советот Мирослав Шиповиќ овојпат гласаше против полицискиот извештај, а на командирот му предаде фотографии на кои јасно се гледа кои беа учесниците во вандалското уништување во Центар.

ВИДЕО од 07.06.2013:

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар