Жерновски: Ќе бидам дел од фронтот кој со сите сили ќе се бори за смена на режимот на Груевски

Од:

И пред да започне, заврши трката во ЛДП за ново раководство. Само Горан Милевски пројави амбиција за нов лидер.

Тој е единствениот кандидат за претседател на Либерално демократската партија, а Дуфе Кукоски е кандидат за генерал секретар на партијата.

Изјава побаравме од Андреј Жерновски, кој пред неколку месеци најави дека нема да се кандидира. Еве што вели Жерновски:

Во изминативе 4 години, откако сум на чело на партијата, нашата мисија беше да се избориме ЛДП да излезе од зоната во која ризикот и опасноста од комплетна политичка маргинализација беше многу сериозен. Од оваа временска дистанца, после сумирањето на резултатите и анализирајќи го политичкиот капитал на ЛДП во моментот, уверен сум дека заедно направиме сериозен чекор напред.
За време на моето претседателствување со ЛДП, од вонпарламентарна, станавме парламентарна партија, добивајки високи кандидатски места на пратенички листи на опозициската коалиција, додека победата во Општина Центар, стана симбол за пркосот на граѓаните кои му се спротиставија и на Пустец, и назаглавените лифтови во Капиштец, кажаа НЕ и на сите останати многу очигледни изборни манипулации на режимот на Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Трите изборни круга на локалните избори беа првите јавни докази за спремноста на актуелниот режим да ја фалсификува волјата на гласачите.

Моја одговорност сега е во рамките на ЛДП да иницирам дебата за стратешките правци за идното дејствување и токму во органите на партијата да одлучиме за концептот и да избереме човек кој најуспешно ќе го спроведе.

Земајќи предвид дека одлучив да не се кандидирам повторно за претседател на ЛДП, чувствувам за потребно јавно да потенцирам, дека максимално ќе се залагам за концепт според кој ЛДП ќе продолжи и понатаму да дејствува како дел од опозицијата, може да прифатам дискусија за евентуален самостоен настап на ЛДП, ако тоа биде сериозно аргументирано, но никогаш нема да се согласа, мојата партија, да коалицира со режимот на Груевски.

За да нема никакви дилеми, сакам јавно да порачам дека тоа што нема повторно да се кандидирам за претседател на ЛДП, во никој случај не значи дека ќе се пасивизирам од партиска политика. Напротив, останувам посветен на граѓаните, ќе бидам дел од фронтот кој со сите сили ќе се бори за смената на режимот на Груевски. Јас сум свесен за сопствената политичка одговорност и целосно сум подготвен да одговорам на сите предизвици за иднината на Република Македонија и нејзините граѓани.

Би можело да ве интересира

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Горан Наумовски

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата