Жерновски: Катица Јанева ја има поддршката што побргу да започне со работата

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, напиша дека многу нешта во работата на обвинителката Катица Јанева ќе бидат поврзани со случувањата во општина Центар Затоа ја охрабрува обвинителката што побргу да започне со својата работа и да го реализира својот план.

Еве што напиша Жерновски:

statuszerno

Во ЦЕНТАРот на моето внимание

Како што одминува времето, се поизвесно е дека ќе имаме правна разврска на политичката криза, а Груевски и неговите соработници ќе мора да одговараат за сторениот криминал. Иако многу критикувана и напаѓана, Катица Јанева тивко и ефикасно ги врши подоготовките и го спрема тимот кој ќе треба да ги прати наведените политичари во историјата.

Јас сум еден од оние кои се најмногу заинтересирани за успех во работата на Специјалното јавно обвинителство. Многу нешта во работата на обвинителката Јанева ќе бидат поврзани со случувањата во општина Центар. Голем број од прислушуваните раговори укажувааат на индиции за големи злоупотреби на власта, токму во општината каде сум јас градоначалник.

Како што се наближува 15 декември, денот кога може да го очекуваме првото обвинение, добро е да се потсетиме на „бомбите“ кои го разоткрија криминалот на власта во Центар и нечовечноста на Груевски.

Во Центар, на „човечињата од Пустец” им биле издавани лични карти за да гласаат на изборите во 2013, со цел да се промени избирачката волја на граѓаните.

Во Центар се случувало да бидат отворани вреќите со избирачки списоци, со цел да се дознае кои од граѓаните не гласале, а потоа врз нив да се врши притисок.

Во Центар, Груевски купувал парцели на Водно „за џабалук„ и менувал урбанистички планови со цел да оствари голема добивка.

Во Центар, по нашата победа, Груевски нарачува да се одржуваат насилни протести, каде треба да ми се удираат шамари бидејќи тоа „не било кривично дело“.

Во Центар намерно се расипувале лифтови и се спречувале возрасните граѓани да излезат на гласање.

Покрај овие ситни „прекршочни“ дела, Центар до 2013 година беше општината во која преку проектот “Скопје 2014″ власта испра толку многу пари, што комотно може да се нарече „грабеж на векот“. Длабоко верувам дека и за сите тие криминали ќе се најдат докази во необјавените прислушувани разговори што ќе и бидат достапни на обвинителката.

Заради сето ова, сакам да ја охрабрам обвинителката што побргу да започне со својата работа и да го реализира својот план според динамиката што ја има објавено. Советот за јавни обвинители нема било каква причина да не го одбри нејзиниот избор на обвинители. Тие, всушност, токму од тој Совет, еднаш веќе биле избрани и нивното „прераспоредување” во специјалното јавно обвинителство не би смеел никој да го доведува во прашање.

Свесен сум дека обвинителката ќе биде изложувна на низа напади и притисоци во својата работа, но исто така верувам дека таа ќе одолее на сите притисоци. Во тоа ќе ја има не само мојата подршка, туку и подршката на сите граѓани на Центар кои минуваа низ три круга за време на изборите за да ја потврдат својата избирачка волја. Таа ја има поддршката и на меѓународнта заедница, која сака Македонија да ја види како земја во која владее правото и во кои сите сме еднакви пред законот.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов