Жерновски ја разреши директорката на ОУ „11-ти Октомври“ во Скопје

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска донесе решение со кое ја разрешува Даниела Костадинова од должноста Директор на општинското основно училиште „11-ти Октомври“.

Советот на општина Центар вчера расправаше за состојбата во училиштето и констатираше сериозни нарушување на санитарно – хигиенската состојба, со што е загрозено здравјето на учениците.

Градоначалникот ја утврди личната одговорност на директорката Даниела Костадинова за нанесената штета по здравјето на учениците и го донесе решението за нејзино разрешување, согласно член 133, став 2, алинеја 3 од Законот за основно образование.

Градоначалникот Жерновски оцени дека директорката Костадинова, како одговорно лице за правилно и законито раководење на училиштето, ги занемарила своите законски обврски и должности и придонела за нарушување на санитарно хигиенската состојба и загрозување на здравјето на учениците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар