Жерновски ја поздрави одлуката на Владата и на Град Скопје

Од:

„Ја поздравувам одлуката на Владата на РМ и на Град Скопје за давање на трајно користење на парцелата на која што веќе почнаа подготвителните работи за изградба на градинката, како и ветувањето дека општина Центар ќе биде ослободена од плаќање на комуналии за овој проект“, вели градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

Со ова продолжува традицијата за ослободување од комуналии на сите објекти кои се од општ интерес (градинки, училишта, болници и универзитети).

“Освен градинката, како што им ветивме на жителите на општина Центар, ја започнавме процедурата за изградба и на ново училиште. Се надевам дека истата кооперативност со Владата на РМ и со Град Скопје ќе ја имаме и во процесот на изградба на ова ново училиште“, додава тој.

Жерновски очекува Министерството за транспорт и врски согласно законската процедура и обврски да ја заокружи процедурата за доделување на целото неизградено градежно земјиште во владение на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните