Жерновски ја поништи правосилноста на одобрението за градба на катна гаража кај Автомакедонија

Од:

Градоначалникот на општина Центар донесе решение со кое се поништува клаузулата за правосилност на одобрението за градење на катната гаража кај Автомакедонија.

Градоначалникот Жерновски,  постапувајќи по предлогот на овластениот градежен инспектор, кој  предвид ја зел иницијативата на група граѓани, го донел решението со што вон сила е одобрението за градба издадено на „Никофон“.

Непосредните соседи на гаражата немале можност да извршат увид во документацијата, право кое им е загарантирано со чл.62 од Законот за градење.

Врз општина Центар се вршеа  континуирани притисоци за да почне изградба на катната гаража кај Автомакедонија. 15 пати се вршеше вонреден инспекциски надзор на барање на Друштвото за сервисирање трговија и услуги “Никофон”, кој што е инвеститор на катната гаража.

„Никофон“  за секое барање до општината,  испраќаше и барање за интервенција до Управната инспекција.

Деталниот урбанистички план,  во кој  што се вметна и катна гаража кај Автомакедонија,  и покрај силното противење на станарите од околните згради,  беше донесен од  претходниот состав на Советот на општина Центар во 4 часот наутро. Со планот парцелата на кое беше предвидено паркирање на едно ниво се измени и беше дозволена изградба на катна гаража која„ порасна” од 3 на 29 м.

Во текот на постапката,  Дирекцијата за заштита и спасување во два наврати издаде негативно мислење во однос на проектот,  бидејќи не беа исполнети стандардите за заштита при пожар и евакуација на населението и немаа влез и излез од гаражата. Експресно беше сменет правилникот според кои” Никофон” не ги исполнуваше условите.

Жителите не сакаат изградба на катна гаража бидејќи велат дека  само на 20 метри  има друга катна гаража.

Иако  рокот за издавање на одобрение за градба, согласно Договорот за отуѓување на градежно земјиште беше истечен  во јули 2013,  Министерството за транспорт и врски и Државниот правобранител застанаа на страната на оној кој доби дозвола за изградба на катна гаража. На градоначалникот Жерновски,  кој ги поддржува жителите во нивните барања,  му се закануваше и одземање на ингеренциите во областа на урбанизмот и кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории