Жерновски: Итен прекин на наставата во училиштата

Од:

„Ја поздравуваме одлуката на град Скопје да се приклучи кон идејата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за прекин на наставата во оновните училишта. Како што веќе апелиравме, мора итно да се донесат мерки за заштита од загадениот воздух. Утрово, воздухот во Центар е загаден 9 пати повеќе од дозволеното, а вчера Скопје беше најзагаден град во Европа. Прекин на наставата е најбрзата од низата на мерки кои треба да се донесат час поскоро, за децата да не трпат последици по здравјето.

Во европските метрополи Милано и Рим итно се донесоа мерки, како што се „Ден без автомобил“ и “Анти-смог евтини билети за градкиот превоз”. Во Милано, исто така е прекината и наставата за учениците, а просечното загадување е двојно помало од загадувањето во Скопје.

Затоа, уште еднаш апелираме до Мнистерството на образование и наука овојпат да ја прифати нашата иницијатива и да донесе одлука за прекин на наставата за да се заштититат децата.

Исто така, апелираме до Градот Скопје и другите надлежни институции, да ги разгледаат сите останати можности и мерки и веднаш да се усвои пакет решенија за заштита на здравјето на граѓаните. Ситуацијата од ден на ден е се’ поалармантна и веќе време за губење нема“, рече градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар