Жерновски и Мултановски разговараа за надминување на политичката криза

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски  денеска го прими амбасадорот на Република Полска, Јацек Мултановски.

На средбата е разговарано за политичката криза во Република Македонија по давањето на оставките на опозициските пратеници поради изборниот фалсификат и како да се надмине оваа криза.

Двајцата соговорници ги потенцираа традиционалните добри односи помеѓу Република Македонија и Република Полска, а особено на општина Центар со општините во Полска, а особенo историските врски преку соработка и размена на дела на архитекти и сликари.

Договорено е продлабочување на македонско полските односи и збратимување на општина Центар со општина од Полска.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните