Жерновски и децата од градинката „Корчагин“ дегустираа мед

Од:

Вистинскиот мед е како добра медицина, ја има целата лековита сила на природата. Медот е најверојатно и првото слатко кое го пробал човекот и затоа во антички Египет медот им бил приложуван на боговите.

Децата од градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“ се засладија од медот, научија корисни работи за него, а гостите ги забавуваа со пригодна приредба.

Меѓу гостите и градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, кој дегустираше од медот, но и уживаше во приредбата на најмладите.

Општина Центар и годинава е покровител на традиционалната манифестација “Денови на македонскиот мед“, која ќе започне од 29ти септмеври. Сите сладокусци и љубители на медот нека повелат на улица “Македонија“ каде што ќе бидат изложени пчелни производи од цела Македонија.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски