Жерновски: Граѓаните се жалат за проблеми стари и по 7 години

Од:

Жителите на Центар и на денешниот отворен ден од градоначалникот Андреј Жерновски и неговиот тим побараа решение за проблеми кои што ги тиштат.

Некои од нив не се решени и по 7 и повеќе години.

Граѓаните се пожалија дека повеќе години не можат да добијат имотни листови за сопствените станови. Инвеститорот не им ги дава поради нерешени имотно-правни односи.

Домот на културата во Маџир Маало е претворен во дом на некултура.

Жители на ова населено место побараа помош лично од Жерновски. Посочија дека објектот претходниот градоначалник им го доделил на жителите непосредно пред локалните избори во 2013та.

“Тука преку ден картаџиите пијат, а во ноќните часови младите се дрогираат. Ова е пријавено во полиција, но сите се оградуваат“, го раскажаа својот проблем жителите на Маџир Маало.

За ова ќе се разговара прво во чија сопственост е објектот за да се преземат можните натамошни чекори.

Проблемите со легализацијата кои се влечат со години, конечно наидуваат на разбирање од одговорните во општината и забрзано се решаваат.

Граѓаните најмногу се жалат и на станбени проблеми, како и проблеми во образованието.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните