Жерновски: Гордана знај, Гордана дај, нема крај

Од:

Повторно блокирани автобуси од Охрид, Битола, Куманово, но нема да можете да го спречите народот, рече Андреј Жерновски, лидерот на ЛДП пред илјадниците граѓани пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски рече – Гордана знај, Гордана дај, нема крај и порача дека следната година ќе паѓаат и нема начин со никаква полиција да се спречи тоа.

Андреј Жерновски покажа кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и рече:

„Ова е местото каде што доаѓаат судии, обвинители, уредници на медиумски куќи и тука се крои цела државна политика. зошто ова е полициско-партиска држава. Тоа повеќе нема да може да се случува“.

„Сега измислуваат работи да ја дефокусираат целата глупост која ја направиија со бркање новинари од Собранието, па слушнавме дека сакале со камери да ги гаѓаат скапите глави на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не продолжувајте со вакви приказни зашто народот знае што се случи“, додаде лидерот на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија