Жерновски го прашува Латас: До кога со вакви напади и текстови?!?

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, на својот ФБ профил праша: До кога со вакви напади и текстови ?!?

Жерновски напиша:

andrejFB

Според овој човек, нашето организирање на манифестацијата “Град во градот” и дочекот на Новата Година значи, цитирам, „ПОВИКУВАЊЕ НА УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК”.

До кога со вакви напади и текстови ?!?

Драган Павловиќ Латас напиша колумна во весникот Вечер во која пишува:

Местото на кое Жерновски организира новогодишна забава е наречено-Град во градот. Мене тоа ми личи на држава-во држава, што е повикување на уривање на уставниот поредок. А уште ако се знае дека на тоа место ќе се соберта трезвени, а ќе си заминат различни луѓе, паролата-Град во градот може да биде прилично сугестивна и длабоко вкоренета во свеста на присутните. Со несогледливи последици.

Затоа очекувам на тој центарски дел од плоштадот да се најдат поголем број млади, набилдани и кратко шишани, спонтано собрани ликови за кои само злонамерен ќе тврди дека имаат врска со органите на безбедност. Тука се, онака, за секој случај.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме