Градоначалникот на општина Центар, Адреј Жерновски одговори на повикот на граѓаните од улица „Македонија“ кои се противат на барокната фасада на нивната зграда. Тој на неговиот профил на Фејсбук ги повика утре во 12 часот да дојдат во општината на разговор.
Ги поканувам граѓаните кои живеат на ул. „Македонија” и кои не сакаат барокна фасада на своите згради, да повелат утре (12:00 часот) во општина Центар на заеднички состанок.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски пред два дена со писмо ги предупреди станарите на зграда која се наоѓа до Спомен куќата на Мајка Тереза дека имаат 10 дена да се предомислат и да му дозволат на градот да им направи нова предна фасада.
Од писмото можеше да се види дека голем дел од станарит не сакаат нова фасада од Градот Скопје. Трајановски ги повика уште еднаш да размислат.
– Важно е уште еднаш да размислите и во рок од 10 дена да нѐ известите и да ни дадете согласност од мнозинството на станари и со тоа да може да ја реконструираме вашата фасада , напиша Трајановски и предупреди дека ако сега не му дадат согласност, во иднина, доколку се предомислат Градот Скопје не може да гарантира дека ќе има пари за нивната фасада бидејќи средствата ќе се пренаменат за други објекти.
Станарите не му дозволуваат да Трајановски да им направи предна фасада бидејќи никој не им објаснил во детали каква фасада ќе добијат, освен што им испратиле една скица.
Тие бараа средба со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
– Еве шанса за опозицијата предовдена од СДСМ, градоначалникот на Општина Центар, да им помогнат на станарите да се спротистават на лудилото и наместо евтина барокна фасада од стиропор да добиеме енергетски-ефикасна модерна фасада. Очекуваме да ни се обратат, да не разберат и да ни помогнат. Знам дека град Скопје нема да остане на ова писмо и веќе од утре ќе почне да врши притисок врз станарите. Ако опозицијата не застане зад нас во оваа навидум мала битка, нема да има никакво право да ја бара нашата поддршка кога ќе дојдат избори или било каква кампања кога ќе им требаме.
Еве шанса заедно да се спротивставиме на букефализмот, повикаа дел од станарите.