Жерновски: „Езерце“ повторно ќе биде култно место

Од:

Синоќа, на изложба беа претставени архитектонско обликувани идеи за новиот изглед на ресторанот „Езерце“.

За идеата на општина Центар повторно да заживее ова култно место, на анонимен конкурс беа поднесени 25 идејни решенија.

Конкурсните решенија понудија поинакви размислувања од оние што ни навираат кога ќе се спомене „Езерце“.

00 Ezerce

Ова покажува дека се буди пријатно чувство за убаво поминатото време и дека е речиси невозможно да се замисли местото без препознатливата градба.

„Езерце е култно место, собиралиште на македонската културна елита, скопските боеми и граѓаните, сите оние кои ја градеа историјата на Езерце. Бројката од 25 архитектонски решенија го урна рекордот на заинтересираност кај архитектите и ја покажа жедта за чесен натпревар.

– Најголемиот број пријавени се млади луѓе, кои понудија смели идеи. Се покажа желбата за нешто ново, но и за задржување на автентичниот изглед. Приказната за Езерце сега почнува, заедно со дискусијата како ќе изгледа новиот објект на ресторанот Езерце“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Ezerce 3

Добитниците беа во позитивен шок, а општина Центар, вети Жерновски, секогаш со чесен избор ќе потврдува дека наградите ќе одат во рацете на оние кои тоа навистина го заслужуваат.

Според жирито – најиздржано е решението под шифра „Мезе“, на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев е објект.

Ezerce 4

Првонаграденото идејно решение „Мезе“ го обликува ресторанот во вид на школка.

„Конечно имаме достоинствена изложба и каталог за паметење на сите пристигнати трудови“, рече Филип Конески во име на првонаградените.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар