Жерновски договори долгорочна соработка на општина Центар со Париз

Од:

„Во просториите на општина Париз, остварена е средба помеѓу градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, и заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски.

Беа разменети мислења околу актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Париз и Скопје, особено во сферата на заштитата на човековата околина. Во овој сегмент, Париз има постигнато забележителни резултати во последната деценија.  Домаќинот го запозна Жерновски со визијата “Париз 2020”, каде се набележани проекциите на главниот град на Франција во доменот на зголемување на зеленилото, како и на учеството на јавниот превоз и велосипедите во сообраќајот.

На средбата е договорена конкретна соработка на Париз и општина Центар на техничко и експертско ниво. Заменик-градоначалникот на Париз ги поздрави проектите “Цел Центар на точак” и “Зона 30”, напоменувајќи дека тие се битни во однос на    зачувување на човековата околина и безбедноста на граѓаните во општина Центар.

На заедничко задоволство, договорена е долгорочна соработка помеѓу двете општини“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар